Последно ажурирана на:
Ви благодариме за вашето купување. Се надеваме дека сте задоволни со вашата нарачка. Меѓутоа, ако не сте целосно задоволни со нарачката поради која било причина, можете да ни ja вратите за замена или целосно рефундирање .
Ве молиме погледнете подолу за повеќе информации за нашата политика за враќање, за заменa, рекламација и рефундирање на средства.
Замена на производот со соодветен квалитет се врши во рок од 15 дена од приемот на производот од страна на купувачот од курирската служба.
Производот може да биде сменет ако:
-не бил користен (не е носен, не е перен, пеглан, не е оштетен)
-не му е нарушена комерцијалната вредност, е сочуван изгледот на производот, употребните својства, фабричките етикети, како и фискалната сметка или фактура за производот кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.
Барања за замена, односно враќање на производ, сметано од шестнаесетиот (16-тиот) ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат одбиени.
Враќањето на производот се врши преку курирската служба на Еко Логистик Сервис, Скопје и паѓа на терет на купувачот.
Бесплатна замена може да се изврши и во деловниот објект на Euro Asia во ГТЦ-прв кат во Скопје.
Откако пратката ќе ви биде доставена, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 070 411 999 или да ни испратите е-маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата [email protected] и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена или враќање на производот.
Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата [email protected].
Во случај на враќање на производ или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, www.euroasia.mk има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку НЛБ банка АД, Скопје, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.